23 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Северна Македонија сè уште останува многу работа кога станува збор за проблемите со кои се соочуваат пациентите со заболувања на бубрезите, особено во областа на трансплантацијата. Од здружението „Нефрон“ велат дека, иако има напредок во процесот на дијализа, трансплантацијата – особено онаа од починат донор – значително заостанува.
Според претседателот на здружението, Душко Ѓорѓиев, живата трансплантација од познат донор се изведува континуирано и може да се реализира за неколку месеци, по завршување на сите подготовки и типизации. Сепак, Македонија сериозно заостанува кај кадаверичните трансплантации, односно трансплантациите од починат донор.
„Во Мајдонија со години имаме ниски бројки на кадаверични трансплантации – едвај десетина годишно, а има години кога нема ниту една, или се изведуваат само една до две. Заостануваме зад земји како Хрватска и Шпанија, кои се европски лидери“, изјави Ѓорѓиев.
Според податоците, околу 2 проценти од светската и македонската популација имаат бубрежно заболување. Во земјава, 1.400 пациенти се на дијализа, а 170 пациенти се на листата за трансплантација. Најмладите пациенти кои чекаат трансплантација имаат само 15–16 години.
Од 1990-тите години досега, во државата се изведени над 500 трансплантации.
Директорот на Клиниката за нефрологија во Скопје, Никола Ѓорѓиевски, нагласува дека Македонија мора да се угледа на европските земји, каде што 30–40 проценти од пациентите кои имаат потреба од бубрежна терапија добиваат трансплантација.
„Кај нас, само околу 13–14 проценти од пациентите се трансплантирани. Во последната година и пол имаме изведено само четири кадаверични донации, со што осум пациенти добија бубрег од починат донор, а дополнително се направени и неколку трансплантации од жив донор“, истакна Ѓорѓиевски.
Од „Нефрон“ предупредуваат дека листата за чекање е мала токму затоа што пациентите ретко прават типизација, поради многу ниските шанси да добијат орган од починат донор.
„Ако започне поинтензивна кадаверична програма, оваа листа ќе се зголеми. Мораме да ја подигнеме свеста кај граѓаните“, додава Ѓорѓиев.
Тој посочува дека една од најголемите причини за ваквата состојба е непостоењето на државна кампања за донирање органи, која би им објаснила на граѓаните колку значи да се спаси живот преку донација.
Здружението бара:
Според нив, само со организиран и стабилен систем Македонија може да ги достигне европските стандарди и да им овозможи подобар квалитет на живот на пациентите со бубрежни заболувања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

