04 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара оставка од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, обвинувајќи го за погрешно постапување во врска со Алта банка. Тој тврди дека гувернерот не треба да носи нови одлуки за иднината на банката.
На прес-конференција, Филипче рече дека СДСМ подолго време предупредувала за капиталот и финансиските трансакции поврзани со банката. Тој оцени дека Народната банка требало да ги провери сопственичката структура и потеклото на капиталот.
Филипче ја оспори и најавата за можна продажба на акциите на Алта банка во Битола, во која мнозински сопственик е Алта банка од Белград. Според него, одлуката треба да ја донесе надлежниот орган што управува со стечајот во Србија.
СДСМ ги повика властите да постапат согласно законите и да ја заштитат стабилноста на финансискиот систем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

