МАКЕДОНИЈА

Филипче: Електронскиот попис нема да даде точни податоци за местото на живеење и националноста

01 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека електронскиот попис не може да обезбеди целосно точни и веродостојни податоци, особено во однос на местото на живеење и националната припадност на граѓаните.

„Постојат јасни насоки од Обединетите нации за тоа како се спроведува попис, кои важат за сите земји, не само за европските. Ако на луѓето не им се даде можност да се регистрираат како нерезиденти, а тие реално живеат во друга земја повеќе од една година, тогаш постои опасност да се регистрираат во матичната држава за да не ги изгубат своите права“, истакна Филипче.

Тој објасни дека токму затоа се прави разлика меѓу резиденти и нерезиденти, при што нерезидентите се сметаат за попишани во земјата каде што престојуваат повеќе од една година.

Меѓутоа, според него, електронскиот попис се соочува со неколку значајни предизвици.

„Прво, многу луѓе имаат лични карти регистрирани на адреса каде што реално не живеат, бидејќи поседуваат повеќе имоти, и тоа е случај кај над 25-26% од населението. Тоа значи дека електронскиот попис нема да прикаже реална слика каде всушност живее населението, туку само ќе се води според личните документи, кои често се на друга адреса“, објасни Филипче.

Вториот предизвик, како што посочи, е националноста. „Во ниту една електронска база не постои графа за националност. Кога се вкрстуваат податоците од Фондот за здравство, ПИОМ, УЈП и други институции, нема податок за националност. Затоа, при електронскиот попис не може да се добие точна етничка структура“, предупреди Филипче.

Тој додаде дека токму овие две прашања — прецизното место на живеење и националноста — претставуваат сериозни предизвици и треба темелно да се разгледаат пред да се донесе одлука за целосно електронски попис во земјава.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени