01 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изјави дека Европската Унија го потврдила она на што СДСМ предупредува од самиот почеток – дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на странски држави, наместо да ја води кон интеграција и напредок.
„Наместо европски интеграции, Македонија оди кон геополитичка изолација и опасна економска зависност“, рече Филипче, нагласувајќи дека таквите политики ги потврдува и последниот извештај на Европската Унија.
Тој посочи дека во документот јасно се наведува дека Северна Македонија е сериозно погодена од странско влијание и дезинформациски кампањи, како и од хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики, особено со потекло од Русија и Кина.
„Политиките се водат под диктат на други држави кои имаат преголемо влијание врз владата. Тоа сега станува сè поочигледно“, изјави Филипче.
Особено загрижувачки, како што посочи тој, е задолжувањето на Македонија од страна на Унгарија, што според извештајот отвора ризици од финансиска зависност од Кина.
„Европската Унија е алармирана за улогите на Унгарија и Србија во промовирањето и ширењето на геополитичките цели на Русија и Кина на Балканот. Се нотира ризик од зависност преку асиметрични заеми, како последниот заем од Унгарија за кој се смета дека е обезбеден од Кина — за што ние постојано предупредувавме“, изјави Филипче.
Тој дополнително ја критикуваше Владата дека, покрај економското и политичкото заложништво, ја изолирала Македонија и на дипломатски план.
„Македонија беше единствената држава која се воздржа од гласање за европската резолуција за Украина. Тоа е дипломатски срам и скандал којшто го нотираат сите наши стратешки партнери, а сега и Европската Унија во својот извештај“, подвлече Филипче, додавајќи дека со тоа Македонија за прв пат се позиционира надвор од заедничката европска безбедносна и надворешна политика.