02 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, истакна дека поддршката од Европската Унија за евроинтеграциите на Северна Македонија останува силна и континуирана.
„Имавме одлична и многу конструктивна средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Оваа средба е доказ за континуираната, искрена поддршка која ЕУ ѝ ја дава на земјата на патот кон конечната цел – членство во Унијата,“ изјави Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ е цврсто посветен на европскиот пат, кој го гледа како единствена реална опција за долгорочен развој на државата, и најави поддршка за уставните измени како клучен чекор во отворањето на преговарачките поглавја.
„Сметаме дека тоа е единствениот начин на кој земјата ќе ги зајакне капацитетите и институциите, граѓаните ќе имаат подобра економска положба, ќе се реализираат суштински реформи во правосудството, а младите ќе ја гледаат својата иднина токму тука, со многу повеќе можности отколку досега,“ додаде тој.
Филипче ја изрази својата загриженост за забавувањето на евроинтегративниот процес, посочувајќи на отсуството на политичка стратегија и дијалог во изминатата година.
„Жалам што има стагнација на тој пат – недостигаат стратегија и политички дијалог, а за жал се отвораат и прашања кои веќе беа затворени. Во таа смисла, побарав поддршка од еврокомесарката, но и од сите европски партнери, за да се откочи нашиот евроинтегративен пат,“ нагласи претседателот на СДСМ.
Во своето обраќање, тој упати повик до сите политички чинители во земјата за обединување околу стратешката цел – членство во Европската Унија.
„Ова не е време ниту за калкулации, ниту за теснопартиски интереси. Ова е време во кое секоја партија треба да даде сѐ од себе за да продолжиме по патот на евроинтеграцијата, да се отворат поглавјата за преговорите, затоа што тоа граѓаните го очекуваат од нас,“ порача Филипче.
На крајот, тој уште еднаш ја потврди јасната позиција на неговата партија:
„И јас лично, и СДСМ, остануваме силни промотори на европската идеја кај нас.“