01 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција остро ја критикуваше Владата предводена од ВМРО‑ДПМНЕ, обвинувајќи ја за неспособност да ја реализира реформската агенда и да ги искористи средствата обезбедени од Европската унија преку Планот за раст.
Филипче истакна дека рокот за исполнување на реформите истече на 30 јуни, а законските измени не беа донесени навреме, поради што 43 милиони евра останале неискористени.
„Ова не зависи ниту од Бугарија, ниту од Грција. Станува збор за реформи кои се целосно под надлежност на македонската Влада. Извештајот на Европската комисија јасно ги нотира овие пропусти, за кои СДСМ цела година предупредуваше,“ изјави Филипче.
Тој додаде дека Владата ниту го искористила авансот од 52 милиони евра од Планот за раст, што дополнително ја доведува во прашање нејзината способност да управува со европските фондови.
Филипче посочи дека единствено Министерството за дигитализација, благодарение на проекти кои биле подготвени во времето на СДСМ, реализирало конкретни резултати. Останатите министерства, според него, целосно потфрлиле:
„Очигледно оваа влада повеќе се интересира за скапи странски кредити отколку за бесплатни европски пари кои се наменети за реформи што ги бараат граѓаните,“ порача Филипче, нарекувајќи ја реализацијата на реформите историски најслаба.
Тој предупреди дека, со ваков пристап, напредок на реформскиот процес нема да има и Македонија ризикува да го загуби европскиот развојен моментум.