15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Демир Хисар и понатаму е во центарот на вниманието по скандалот со разрешувањето на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“. Денеска, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Демир Хисар поднесе кривична пријава против Маја Лозановска (57) од Демир Хисар, која до неодамна ја извршуваше функцијата директор на училиштето.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), Лозановска се сомничи за кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ согласно член 390 од Кривичниот законик.
Во периодот од 6 до 13 август 2025 година, таа наводно противправно ги криела службените печати на училиштето, со што ги направила неупотребливи и го оневозможила нивното користење од страна на новоименуваната в.д. директорка Ј.Д. (43). Новата директорка била назначена на 5 август 2025 година со одлука на Општина Демир Хисар.
Полицијата наведува дека со ваквото постапување било попречено нормалното функционирање на училиштето и извршувањето на административните работи. Случајот е доставен до Основното јавно обвинителство Битола за понатамошна постапка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден