15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на 39-годишниот Дрвошанов Роберт од Струмица, кој е пријавен како исчезнат од вчера попладне.
Според информациите, Роберт последен пат бил виден на 13 август 2025 година, околу 14 часот. Во моментот на исчезнувањето, тој бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа, бели патики и носел црн ранец.
Семејството на исчезнатиот упатува апел до сите граѓани кои располагаат со било какви информации за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајката на Роберт.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 август 2025 година, во 08:40 часот, во СВР Струмица 64-годишната Д.Љ. пријавила дека нејзиниот син Р.Д. (39) претходниот ден околу 13:00 часот се оддалечил во непознат правец. „Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,“ стои во соопштението од МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден