23 ноември 2025
• од Вардарски
Иако месец ноември приведува кон крај, дел од граѓаните сè уште не ги добиле своите поврати од скенираните фискални сметки преку проектот „МојДДВ“.
Од Министерството за финансии уверуваат дека исплатите се во тек и дека средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците најдоцна до крајот на месецот.
„Исплатата на средствата за фискалните сметки скенирани преку апликацијата ‘МојДДВ’ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на тримесечјето. За третото тримесечје (јули–септември), законскиот рок за исплата е 30 ноември 2025 година. Најчестите доцнења се резултат на неточни или неажурирани податоци за трансакциските сметки во системот на УЈП“, стои во одговорот на Министерството.
Во врска со шпекулациите дека мерката може да биде укината, од Министерството не дадоа директен одговор, но нагласуваат дека програмата е законски утврдена и останува во сила. Исплатите, како што наведуваат, продолжуваат да се извршуваат согласно законските рокови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

