14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На 19 и 20 август 2025 година ќе се одржи првото пријавување за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за академската 2025/2026 година.
Според конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во состав на Универзитетот има вкупно 9.719 слободни места:
Како и претходните години, најголем број места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ (1.020), Природно-математички факултет (910), Филозофски (880), Филолошки (810), Медицински (760), Економски (700), Правен (610) и Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ (590).
Редовните студенти во државна квота ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а оние со кофинансирање и вонредните студенти – по 400 евра.
Заинтересираните кандидати, пред да се пријават во официјалните рокови, треба да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава од iKnow-системот.
Првиот уписен рок е на 19 и 20 август, вториот ќе се одржи на 11 и 12 септември, а третиот – за преостанатите слободни места – на 24 септември 2025 година.
И покрај големиот број слободни места, како и изминатите години, се очекува слаб интерес од потенцијалните бруцоши, што експертите го поврзуваат со континуираното масовно иселување на младите од земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден