14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Пожарот што го зафати повеќенаменското подрачје „Јасен“ денеска се приближи до објектите на ЈП „Јасен“, но благодарение на брзата и координирана интервенција на екипите, огнената стихија беше успешно запрена.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека со употреба на повеќе возила, распоредени во полукружна одбрана, било спречено проширувањето на пожарот кој зафатил мешана шума во заштитеното подрачје.
„Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП ‘Јасен’, но со брза, енергична и одлучна акција, огнот беше сопрен во близина на самите објекти. Прилагодените ‘пинцгауери’ и ‘хермелини’ повторно се покажаа одлични. Без нив, целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек,“ изјави Ангелов.
Тој упати благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и полицијата – „Волци“, „Ренџери“ и ЕБР – како и до пожарникарите од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) и вработените во ЈП „Јасен“ и „Национални шуми“.
Според информациите, засилените напори на сите вклучени страни биле клучни за спречување на поголема материјална штета и заштита на објектите и природното богатство на ова подрачје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден