14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Судија на претходна постапка одреди 30-дневен притвор за 15-годишно момче од тетовското село Гајре и за 37-годишниот Р.Т. од Тетово, осомничени за тешко убиство извршено со автоматски пушки во неделата во Тетово. Настанот се случил на улицата „Благоја Тоска“, кога во престрелка бил убиен еден човек, а неколку други лица биле тешко повредени.
Според МВР, двајцата осомничени со висококалибарско оружје пукале кон автомобил „Голф“ во кој се наоѓал сега починатиот возач. Од истреланите куршуми, совозачот бил тешко повреден, а дете родено во 2012 година, кое се наоѓало во близина, добило прострелна рана во ногата.
Покрај нив, кривични пријави за истите кривични дела – убиство, неовластено производство и трговија со оружје и експлозивни материи, како и тешки дела против општата сигурност – се поднесени и против М.Т. (45) и З.М. (37), кои се во бегство. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.
Истрагата покажала дека, иако бил ранет, З.М. заедно со уште едно лице извадил пиштол и почнал да пука кон возилото кое се оддалечувало. Во престрелката, друго лице било тешко повредено, а проектили погодиле и автомобил на жена која во тој момент се движела во близина, со што и нејзината безбедност била загрозена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден