14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Шокантен случај на суровост кон животни беше забележан во близина на Крива Паланка, кога куче, врзано за автомобил, било влечено по пат. На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледа како животното лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот.
Благодарение на навремената реакција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е лоцирано, одземено и згрижено. Надлежните информираат дека неговата здравствена состојба е стабилна, иако претрпело сериозна траума.
„Доколку некој сака да го вдоми, процедурата може да започне следната недела, кога ќе закрепне од траумата,“ изјави активистката Тања Ололовска Ристевска. Таа упати апел: „Да му најдеме домче. После ова, заслужува да живее опкружен со љубов и грижа.“
Лицето кое го извршило грозоморното дело е идентификувано и приведено. Против него ќе бидат преземени соодветни мерки од страна на АХВ и МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден