15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија моментално се наоѓа на престижното петто место во Европа – и тоа по фудбал! Ова стана јасно по објавувањето на најновите рангирања на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Одличниот пласман е резултат на настапите на трите бугарски клубови во европските натпреварувања – Лудогорец во Лига Европа, како и Левски и Арда во Лигата на конференции. Сите три тимови обезбедија плејоф-мечеви за место во групната фаза на своите турнири.
Бугарија во моментов има 10.000 поени, заработени врз основа на резултатите во европските натпреварувања. На 14 август, Левски го победи Сабах со 2:0 во реваншот, додека Арда го совлада Кауно Жалгирис со ист резултат, осигурувајќи си дуели против АЗ Алкмар и Ракув Ченстохова.
Лудогорец, пак, неделава беше елиминиран од Ференцварош во квалификациите за Лигата на шампионите, но ја продолжува европската кампања во Лига Европа, каде ќе се сретне со Шкендија од Северна Македонија.
Важно е да се напомене дека од оваа класација отсуствуваат најсилните првенства во Европа – Англија, Шпанија, Германија, Франција и Италија, чиј клубови во моментов немаат европски натпревари. Други посилни лиги имаат помал број претставници во квалификациите и затоа помалку можности за освојување поени.
Пред Бугарија се Кипар и Полска со по 13.500 поени, Шведска со 13.000 и Данска со 11.500.
Во големата, генерална класација на УЕФА, Бугарија за сезоната е на 29-то место, пред Русија. Руските клубови немаат настапи во европските купови од 2022 година поради војната во Украина, но нивниот коефициент е „замрзнат“ и ќе се користи доколку санкциите бидат укинати.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден