15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, одигран на 6 мај 2025 година во Гевгелија, бил наместен во корист на тимот од Куманово. Со победата од 2:1, Башкими обезбеди бараж, а потоа и пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Според официјалните информации, претседателот на ФК „Башкими“ издвоил 10.000 евра кои му ги исплатил на спортскиот директор на ФК „Кожуф“. Во аферата биле вклучени и тренерот и неколку фудбалери на гевгелискиот клуб, кои прифатиле да не се ангажираат максимално на теренот, со што бил овозможен посакуваниот резултат.
Полициските служби од Одделот за криминалистичка полиција, со наредба на Основниот суд во Гевгелија, извршиле претреси на две локации поврзани со спортскиот директор П.Ѓ. Против повеќе лица се поднесени кривични пријави за „измама“, „неовластено давање и примање на подароци“ и „соизвршителство“.
МВР информира дека претседателот на Башкими, Б.Х., преку фудбалерот А.Ј. стапил во контакт со спортскиот директор на Кожуф, кој се согласил да прими парична награда за да го запостави интересот на својот клуб и на Фудбалската федерација на Македонија. Потоа, преку тренерот С.Г., биле влијаени и тројца фудбалери на Кожуф – Б.К., Ј.П. и К.С. – кои прифатиле да не играат на ниво на своите способности.
Едно лице е уапсено и спроведено во Основното јавно обвинителство во Гевгелија за понатамошна постапка и обезбедување дополнителни докази.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден