03 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Новиот истражен орган на Европската унија започна со работа со амбиција да воспостави директна контрола врз околу 40 меѓународни банки со висок ризик од перење пари, јавуваат светските агенции. Агенцијата, со седиште во Франкфурт, е позната како Орган за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот (AMLA).
Целта на ова тело е да ја координира работата на националните структури за поефикасно спротивставување на штетните финансиски практики и злоупотреби, кои често го нарушуваат чесниот бизнис.
„Агенцијата ќе ги зајакне европските напори за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Сакаме да ги погодиме измамниците, даночните избегнувачи и переачите на пари таму каде што најмногу ги боли – по парите и имотот што ги стекнале на незаконски начин“, изјави германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл, цитиран од DPA.
Покрај 40-те меѓународни банки, новата агенција ќе следи и голем број даватели на услуги поврзани со крипто-активи. За оваа цел се ангажирани над 400 вработени, кои ќе помагаат на националните надзорни органи.
Претседателката на истражниот орган, Бруна Сего, коментира дека „во моментов во Европската унија има 27 земји-членки со 27 различни системи за борба против перењето пари, од што профитираат разни финансиски криминалци“.
Франкфурт ја доби битката за домаќин на новата агенција во февруари 2024 година, победувајќи ја конкуренцијата на Рим, Виена, Даблин, Мадрид, Брисел, Париз и други европски градови.