СВЕТ

Српски студент тврди дека бил тепан во полициско комбе поради снимање полицајци

03 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Белградскиот студент Алекса Станковиќ, кој студира на Филозофскиот факултет и работи како фотограф за студентскиот весник, тврди дека бил брутално тепан од страна на српската полиција во текот на синоќешните протести. Според неговото сведоштво за Н1, полицајците го удриле во полициското возило околу 10 минути, наизменично нанесувајќи му шлаканици и удирајќи му ја главата од стаклото.

Станковиќ раскажа дека бил приведен откако документирaл блокада кај споменикот на Вук Караџиќ, на раскрсницата меѓу улиците „Квин Мери“ и „Рузвелт“. „Дојдов да фотографирам како што правам веќе седум месеци, известувајќи за протестите. Полицијата се обидуваше да ја разбиe блокадата, па останав таму за да го снимам тоа,“ изјави Станковиќ.

Тој вели дека тројца полицајци му пришле, го побарале неговото име и го натерале да се качи во полициското возило, иако носел прес-ознаки на капата, елекот и торбата. „Ме натераа да го исклучам снимањето, а кога влегов во возилото почнаа да ме навредуваат и да ме обвинуваат дека сум им направил проблем со видеото што го објавив пред два дена,“ додава студентот.

Станува збор за видео во кое, според него, полицајци навредувале девојки што минувале покрај нив, користејќи погрдни изрази. Полицајците, тврди Станковиќ, му рекле дека поради тој материјал имал „огромен проблем“.

По неговите зборови, следеле закани и физички напади. „Еден полицаец се обиде да ме заплаши со палка, ја удри мојата камера двапати и ја оштети. Потоа ме удираа со тупаници и шлаканици, се менуваа, едниот удираше лево, другиот десно. Ми ја тргаа капата со прес-значката,“ раскажува Алекса.

Дополнително, му наложиле да ја извади мемориската картичка од фотоапаратот и ја скршиле пред негови очи. „Потоа ми рекоа да го избришам Инстаграм профилот и сите видеа. Се преправав дека не знам како да го направам тоа и ги архивирав видеата, така ги спасив,“ објаснува тој.

Неговата глава, тврди, неколку пати била удирана од прозорецот на полициското возило, а полицајците ја отворале и затворале вратата за да проверат што се случува внатре. „Ја бројев, најмалку десет пати ми ја удрија главата од стаклото,“ нагласи студентот.

На крајот, полицајците го ослободиле, но со закана дека никогаш повеќе да не се појавува пред нив.

Поради овој инцидент, студентите кои протестираат најавија нов протест денеска во 18 часот на Платото пред Филозофскиот факултет во Белград.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени