15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Соединетите Американски Држави распоредуваат воздушни и поморски сили во јужниот дел на Карибското Море со цел да се справат со заканите од латиноамериканските наркокартели, пренесуваат извори запознаени со одлуката за „Ројтерс“.
Претседателот Доналд Трамп најави дека ќе ја искористи војската за да гони наркокартели од Латинска Америка, кои американската влада ги има прогласено за глобални терористички организации. Пентагон добил инструкции да подготви неколку оперативни планови.
Еден американски функционер, кој зборувал анонимно, откри дека дополнителните воени ресурси ќе вклучуваат повеќе извидувачки авиони P-8, најмалку еден воен брод и една подморница. Според него, процесот на распоредување ќе трае неколку месеци, а единиците ќе дејствуваат во меѓународен воздушен и поморски простор.
Поморските сили, освен за извидување и набљудување, може да се користат и како платформи за прецизни напади, доколку биде донесена таква одлука.
Борбата против наркокартелите е една од централните цели на администрацијата на Трамп, во рамки на пошироките напори за ограничување на миграцијата и зајакнување на безбедноста на јужната граница на САД. Во изминатите месеци, САД веќе распоредиле најмалку два воени брода за поддршка на граничната безбедност и борба против трговијата со дрога.
„Ова распоредување има цел да се справи со заканите по националната безбедност на САД од специјално означени наркотерористички организации во регионот“, изјави еден од изворите.
Во февруари, администрацијата на Трамп го прогласи мексиканскиот картел „Синалоа“, други наркокартели, како и венецуелската криминална група „Трен де Арагуa“, за глобални терористички организации. Со тоа беа засилени и мерките за контрола на имиграцијата против осомничените членови на овие банди.
Американските вооружени сили во последно време го интензивираа воздушното надгледување на мексиканските картели за да соберат разузнавачки податоци и да ја утврдат најефективната стратегија за нивно спротивставување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден