23 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ја бранеше новата рамка за мир што ја развива администрацијата на Доналд Трамп за запирање на војната меѓу Русија и Украина. Според него, критиките кон предлогот произлегуваат од неразбирање на реалноста на терен и на самите принципи на предложениот план.
Во објава на социјалната мрежа Х, Ванс нагласи дека секој одржлив мировен договор мора да ги исполни три основни услови:
Претставници на Трамповата администрација веќе претставија предлог составен од 28 точки. Според тој план, Украина би требало да се откаже од контролата врз Крим и Источен Донбас, како и трајно да го напушти стремежот за членство во НАТО.
Ванс оцени дека овој пристап се темели на „прагматична дипломатија“, за разлика од, како што рече, нереалните очекувања на политичките хардлајнери. Тој додаде дека многу критики или ја погрешно интерпретираат рамката, или ги игнорираат фактите на терен.
„Постои илузија дека ако дадеме повеќе пари, повеќе оружје или повеќе санкции – победата е близу“, предупреди Ванс, нагласувајќи дека мирот „не може да го постигнат дипломати кои веќе не успеале, ниту политичари што живеат во фантазија, туку паметни луѓе што ја разбираат реалноста“.
Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека 27 ноември е „соодветен“ краен рок Киев да го разгледа и прифати планот. „Ќе треба да му се допадне. Ако не, тогаш ќе мора да продолжат да се борат, претпоставувам“, додаде тој, алудирајќи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој истиот ден разговарал со Ванс за документот.
Зеленски, пак, нагласи дека Украина работи во тесна координација со своите партнери за да обезбеди нејзините клучни позиции да бидат вклучени во секој преговарачки процес.
Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека американскиот предлог „може да послужи како основа“ за потенцијално решение на конфликтот. Тој додаде дека Москва е задоволна од напредокот на фронтот, но останува отворена за преговори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

