25 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, остварил средба со претставници на Европскиот парламент, на која разговарале за реформите, Изборниот законик и положбата на партијата во изборниот процес.
Средбата се одржала во рамки на дваесет и петтиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Европската парламентарна делегација што престојува во Скопје е предводена од бугарски европратеници, а во неа учествуваат претставници од повеќе политички групи во Европскиот парламент.
Според Левица, Крмов на средбата оценил дека бројот на усвоени реформи не може да биде замена за нивниот демократски и правен квалитет. Како примери ги посочил измените поврзани со Судскиот совет и Законот за рестриктивни мерки, тврдејќи дека постојат слабости во начинот на кој власта ги подготвува законските решенија.
Главна тема бил Изборниот законик. Од Левица тврдат дека партијата, иако има шест пратеници и сопствена пратеничка група, останала без можност за платено политичко рекламирање според постојните правила.
Како пример бил посочен вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје, кога, според партијата, биле емитувани реклами за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, немал таква можност.
Левица соопшти дека претставниците на Европскиот парламент изразиле загриженост поради ваквата нерамноправност и најавиле дека прашањето за третманот на партијата и проблемите со изборното законодавство ќе бидат нотирани во нивните извештаи.
Крмов на крајот порачал дека европската иднина на земјата треба да се гради преку дипломатија, соработка и надминување на политичките конфронтации.
Сепак, Левица во јавноста често се поврзува со проруски и изразено евроскептични позиции. Анализа на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош ја опишува партијата како крајно левичарска и евроскептична, со врски со Русија и Кина и со ставови критички настроени кон ЕУ и НАТО.
Партијата дополнително беше критикувана поради своите позиции по руската инвазија врз Украина. Академска анализа од 2026 година посочува дека Левица покажувала отвореност кон Москва и дека во партиски соопштенија биле користени формулации блиски до руското оправдување на нападот врз Украина. Таквите позиции се во судир со надворешнополитичкиот курс на Северна Македонија како членка на НАТО и земја кандидат за членство во Европската Унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

