23 септември 2026
• од Гоце Кически
Министерството за внатрешни работи санкционира 75 возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување во сообраќајот.
Акциската контрола била спроведена на 22 септември, од 07:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава.
За утврдените прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Во текот на контролата биле регистрирани и дополнителни 283 прекршоци од друг вид. Од МВР најавуваат продолжување на засилените сообраќајни контроли со цел поголема безбедност и почитување на сообраќајните правила.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

