30 април 2026
• од Темелко Тошев
Случајот со „познатите“ говеда од Кривопаланечко, кои со години беа симбол на институционална немоќ и страв кај локалното население, добива нова, мрачна разврска. Додека државата се подготвува преку електронско јавно наддавање да ги продаде преостанатите животни, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди шокантна бројка – дури 21 грло угинале по нивното заловување.
Според официјалните податоци кои АХВ ги достави до медиумите, од 22 ноември 2025 година досега биле заловени вкупно 92 говеда. Сепак, наместо безбедно засолниште, за четвртина од нив заловувањето било кобно.
„Досега 21 говедо е угинато од различна етиологија, најголемиот дел поради насилна смрт (самоповредување). Станува збор за животни кои досега не биле шталски чувани, туку живееле слободно во природа. По нивното затворање во штала, тие се повредуваат меѓусебно, изразувајќи агресивност, особено возрасните машки единки кон помалите“, објаснуваат од АХВ.
Овој одговор отвора сериозни дилеми во јавноста: Дали условите во објектите каде што се сместени биле соодветни? Дали животните биле навреме раздвоени по возраст и пол и зошто јавноста не беше информирана за овој помор досега?
Владата на 21 април донесе одлука за продажба на преостанатите 71 говедо. Животните сега се сопственост на Република Северна Македонија, а со нив стопанисува АХВ.
Детали за продажбата:
Најскапото грло е машко говедо (мешавина) на возраст од 3,5 години со почетна цена од 110.000 денари, додека најниската цена од 12.000 денари е одредена за телињата стари до два месеци.
Најголем дел од животните се мешавина од различни раси (55 грла), но има и чистокрвни примероци:
Од вкупниот број, 48 се женски, а 23 се машки грла.
Жителите на кривопаланечките села со години алармираа за стотици „подивени“ крави кои без контрола ги уништуваа нивите, дворовите и предизвикуваа опасности во сообраќајот. Проблемот кој со години се префрлаше од една во друга институција, конечно доби правна разврска со одземање на животните, иако процесот беше проследен со инциденти и спречување на службените лица при заловувањето.
Сега, по серија протести и институционални препукувања, останува на Комисијата за продажба да го објави огласот по кој ќе се знае кога овие животни конечно ќе добијат нови сопственици и соодветна грижа.
Бугарија и бугарскиот народ го одбележуваат Априлското востание и неговото наследство
Трамп најави укинување на тарифите за виски по посетата на британскиот крал и кралица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

