22 април 2026
• од Темелко Тошев
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на само една недела спроведе интензивна акција на терен, при што секоја четврта контролирана компанија во земјава се соочила со санкции поради незаконско работење. Од вкупно 509 надзори, инспекторите утврдиле прекршоци во дури 124 случаи, што резултирало со глоби во вкупна вредност од над 58.000 евра.
Според официјалните податоци од ДПИ, најкритични се секторите трговија и финансиска дисциплина. Инспекторите ја дадоа следната статистика за изминатиот период:
Дополнително, четири фирми се казнети по Законот за метеорологија, а еден субјект за вршење на нерегистрирана дејност. Покрај паричните казни, изречени се и 43 опомени за помали пропусти кои ќе бидат предмет на дополнителни контроли.
Оваа офанзива на пазарните инспектори не е случајна. Контролите се засилени за да се спречи неосновано поскапување на прехранбените производи, особено по нестабилноста на пазарите предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток.
Статистиката покажува дека притисокот врз џебот на граѓаните е сериозен. Државниот завод за статистика измери дека во март трошоците за живот пораснале за 4,9% на годишно ниво, додека кај храната тој пораст е уште повисок и изнесува 7,5%.
„Инспекторатот продолжува со континуирани и засилени контроли за почитување на законите и заштита на потрошувачите“, децидни се од ДПИ.
Од таму додаваат дека покрај редовните планови, приоритет се и пријавите од граѓаните, кои се клучен партнер во откривањето на неправилностите на терен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

