23 април 2026
• од Темелко Тошев
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, упати остри критики кон предлог-законот за правична застапеност, нарекувајќи го сериозен политички чин насочен против Албанците во земјата.
Османи во својата јавна реакција потенцира дека, врз основа на неговото долгогодишно политичко искуство и без никакви партиски калкулации, усвојувањето на овој закон претставува „предавство од висок степен“. Според него, со ова се уриваат повеќедецениските напори на генерациите кои се бореле за достоинствена позиција на Албанците во државата.
Во својата изјава, Османи беше дециден дека овој закон не само што не ги заштитува, туку директно ги загрозува постигнатите права:
„Од сето мое политичко искуство, и тргајќи ја настрана секоја партиска калкулација, со целосна одговорност велам: одобрувањето на таканаречениот закон за правична застапеност е предавство од висок степен кон секој напор на генерациите за достоинствена позиција на Албанците во оваа држава“, реагира Османи.
Оваа реакција доаѓа во период на засилени дебати за законските механизми кои треба да го заменат досегашниот „Балансер“, алатка која беше предмет на бројни критики и уставни преиспитувања. Останува да се види како останатите политички чинители ќе одговорат на овие тешки обвинувања од страна на Османи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

