01 септември 2026
• од Темелко Тошев
И покрај тоа што евиденцијата покажува илјадници невработени граѓани, приватниот сектор во земјава и натаму континуирано алармира дека недостигот на работна сила станува сè поголем проблем. Според најновите податоци од Агенцијата за вработување (АВРМ), бројот на слободни работни места надмина 10.000, додека над 60% од работодавачите изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања.
За да се компензира овој недостиг, само во текот на минатата година биле поднесени над 10.100 барања за работни дозволи за странци.
Според податоците од АВРМ, во јуни, за прв пат од почетокот на годинава, е регистриран месечен пораст на бројот на невработени. Како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 лице, што е за 2.425 повеќе во однос на мај. Дополнително, регистрирани се и 41.281 пасивни баратели на работа.
Етничката структура на активните баратели на работа, според анализата базирана на официјалните бројки, ја дава следната слика:
Клучниот јаз помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд лежи во образованието. Дури 58% од невработените (51.390 лица) се без образование или имаат само основно образование. Дополнителни 25% (22.195 лица) имаат завршено средно образование.
Овие бројки покажуваат дека дури 83% од вкупниот број активни баратели на работа на пазарот се со средно или пониско образование, што често не соодветствува со специфичните барања на модерните работодавачи.
Анкетното истражување на работодавачите спроведено од АВРМ покажува дека годинава во приватниот сектор се очекуваат речиси 14.500 нови вработувања. Речиси 62% од анкетираните компании изјавиле дека им се потребни работници од различни профили.
Во моментов, бројот на отворени работни позиции на државно ниво изнесува над 10.100. Најголема „потрага“ по кадар има во следните сектори:
Со намера да се задоволат потребите за работна сила и да се одржи економијата, Владата на почетокот од годинава донесе одлука за зголемување на квотата на 10.000 работни дозволи за странски работници, тренд кој очигледно ќе продолжи доколку домашниот пазар на труд не успее да го пополни настанатиот вакуум.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

