01 септември 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција излезе со тврдење дека Владата предводена од Христијан Мицкоски на вчерашната седница усвоила потреба за ново задолжување на државата во висина од дури 1,3 милијарди евра. Според Филипче, оваа сума доаѓа како додаток на веќе зголемениот државен долг во изминатите две години.
„Владата повторно ја задолжува земјата и граѓаните со нови 1,3 милијарди евра, дополнително на оние 2,5 милијарди евра со кои го зголемија долгот на државата во изминатите две години“, истакна лидерот на опозицијата.
Филипче предупреди на економските последици, посочувајќи дека новото задолжување се случува во време на зголемени трошоци за живот на граѓаните и сериозни доцнења кон стопанството. Тој тврди дека долгот на државата кон компаниите по основ на поврат на ДДВ изнесува над 200 милиони евра.
Со ова ново планирано задолжување, според пресметките на СДСМ, вкупниот нов долг за само две години би достигнал околу четири милијарди евра, што претставува 40% од вкупното претходно задолжување на земјата.
И покрај енормните суми, Филипче нагласи дека граѓаните не гледаат подобрување на нивниот животен стандард. Тој презентираше податоци според кои потрошувачката кошничка во изминатата година и половина се зголемила за близу 10.000 денари, достигнувајќи речиси 70.000 денари. Кога на ова ќе се додадат трошоците за кирија или станбен кредит, месечните трошоци за едно семејство можат да достигнат и до 90.000 денари.
За Филипче, овие бројки се јасен показател дека економските политики на актуелната Влада не даваат резултати во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

