01 септември 2026
• од Темелко Тошев
Северна Македонија трага по Симеон Михаилов, таткото на Ива Михаилова, објави бугарскиот портал Lupa.bg. Според информациите кои се повикуваат на веб-страницата на македонското Министерство за внатрешни работи, Михаилов е осуден за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување, поради што се наоѓа во листата на лица по кои е распишана потерница.
И покрај потерницата, Симеон Михаилов вчера бил забележан на протестот за одбрана на неговата ќерка, кој се одржал пред Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија.
Бугарскиот медиум тврди дека Михаилов е еден од осудените во познатиот случај „Детонатор“. Според нивните информации, овој случај бил целосно „монтиран“ со цел одредени луѓе кои тогаш биле на власт да го преземат бизнисот на богати претприемачи. Таткото на Ива поседувал неколку казина во Северна Македонија кои, според порталот, му биле неправедно одземени.
Во статијата на Lupa.bg се додава и дека подоцна правдата ги стигнала креаторите на ваквите случаи, потсетувајќи дека во затвор завршија поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, како и поранешниот директор на македонската служба за безбедност, Сашо Мијалков.
Симеон Михаилов беше уапсен уште во 2015 година, но тогаш успеа да побегне. Според најавите на бугарскиот портал, се очекува тој наскоро да излезе со официјално соопштение во кое ќе ја изнесе својата страна за целиот случај.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

