01 септември 2026
• од Темелко Тошев
Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) денеска до надлежните институции поднесе кривична пријава против Далибор Китановиќ, актуелен директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Како што информираат од партијата, пријавата следи поради неговото јавно дејствување и објавен пост преку кој се глорифицира и велича Ратко Младиќ, правосилно осуден воен злосторник.
Од БДС остро го осудуваат ваквиот потег, нагласувајќи дека е апсолутно недозволиво еден носител на јавна функција, преку своите постапки и јавно упатени пораки, да ги релативизира воените злосторства и директно да го навредува достоинството на жртвите.
Во партиското соопштение особено се става акцент на парадоксот на ситуацијата, со оглед на институцијата со која раководи Китановиќ.
„Особено ја истакнуваме одговорноста што ја носи директорот на институција чија основна улога е остварување и заштита на правата на помалите, односно помалубројните етнички заедници во Северна Македонија. Од таква институција и нејзиното раководство очекуваме почитување на сите заедници, нивното достоинство, како и чувствителност кон жртвите на воените злосторства“, се потенцира во реакцијата на Бошњачкиот демократски сојуз.
Јавноста сега очекува реакција од надлежните органи во врска со поднесената кривична пријава, како и евентуално произнесување од самиот Китановиќ и институцијата која ја претставува.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

