01 септември 2026
• од Темелко Тошев
Професионалните возачи од земјите надвор од ЕУ ќе мора да продолжат да ги почитуваат правилата на Шенген, и покрај протестите на превозниците.
Европската комисија е свесна за проблемите со кои се соочуваат оние на кои им е потребен пристап до Шенген зоната подолго од 90 дена во период од 180 дена, но од Брисел порачуваат дека решавањето на овој проблем зависи од националните законодавства на земјите-членки и билатералните договори.
ЕК нагласува дека системот за влез и излез не воведува нови правила или ограничувања, а како можни решенија се споменуваат долгорочните визи, дозволите за престој, или третирањето на возачите како прекугранични работници.
Превозниците кои протестираа во Скопје, Сараево, Белград и Подгорица бараат правилото 90/180 дена да не се применува на возачите, и се закануваат со блокирање на границите кон ЕУ доколку не се најде решение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

