01 септември 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики за, како што вели, „апсурдниот национализам“ кој во моментов се промовира во државата, предупредувајќи дека ваквиот пристап носи само штета и изолација за Македонија.
Во своето најново излагање, Георгиевски направи паралела со земјите од регионот, посочувајќи дека додека нашите соседи прават сериозни чекори кон иднината, Македонија стои во место.
„Еве ги Црна Гора, Албанија влегуваат, одат напред. Значи, ние имаме еден апсурден национализам“, истакна тој, осврнувајќи се на актуелната политичка клима.
Повикувајќи се на искуствата од минатото, Георгиевски потсети на деструктивните последици од екстремниот национализам на просторите на поранешна Југославија, на кои нашата генерација била директен сведок.
„Ние видовме дека најекстремните националисти изгубија најмногу за сопствените држави“, посочи Георгиевски. Како класичен пример за ова, тој го наведе поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ.
„Не може да се одрече дека Милошевиќ не бил српски националист. Да, ама кој беше резултатот на неговиот национализам? Е, нам истото ни се случува денес“, предупреди тој.
Георгиевски е дециден дека актуелните структури и политики кои се потпираат на силен национален набој создаваат само лажна слика за патриотизам, која во реалноста ја уназадува земјата.
„Ние сме сега како структура која поддржува многу националисти. Многу ја браниме Македонија, ама каде е Македонија во целата приказна? Македонија губи!“, истакна тој.
Според него, ваквото заложништво на национализмот ѝ става сериозна сопка на државата и ги блокира нејзините перспективи.
„Тоа заложништво ни стави една сериозна сопка и ние едноставно не можеме да одиме напред“, заклучи Георгиевски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

