31 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Делегација на Европскиот парламент бара дополнителни две милијарди евра за Бугарија поради безбедносните ризици во Црно Море и последиците за погодените сектори. Евродепутатите ја разгледуваат и поддршката за регионот, во услови на ескалација и напади врз трговски бродови, објави Параграф.
Планираното финансирање за Бугарија во периодот од 2028 до 2034 година изнесува 22,3 милијарди евра. Според бугарскиот европратеник Андреј Новаков, дополнителното барање би можело да го зголеми износот за две милијарди евра.
Дополнителната помош би била наменета за туризмот, земјоделството и транспортот, како и за јавни инвестиции и инфраструктура со двојна намена — за цивилни потреби и одбрана.
Бугарскиот европратеник Емил Радев предупреди дека осигурувањето на трговските бродови значително поскапело. Според него, нови напади би можеле да го загрозат и самото осигурување на пловилата во Црно Море.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

