31 октомври 2026
• од Стефан Николов
Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка, наведувајќи значително влошување на нејзината финансиска состојба и ризик од натамошни проблеми со ликвидноста. Одлуката, според ТВ21, била донесена за да се заштитат депонентите и стабилноста на финансискиот систем.
Српската централна банка претходно презела надзорни мерки за подобрување на ликвидноста, но оценила дека состојбата ги загрозува интересите на штедачите. Агенцијата за осигурување на депозити треба во рок од седум работни дена да почне со исплата на осигурените депозити и да им овозможи на граѓаните пристап до средствата, согласно законот.
Одлуката е важна и за Македонија. Алта банка претходно добила одобрение за понуда за преземање на Стопанска банка Битола. Понудата, заедно со акциите што веќе ги поседувале банката и поврзаните лица, опфаќала 100 проценти од основниот капитал на македонската банка.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

