31 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Граѓаните во Северна Македонија и понатаму немаат целосен увид во трошењето на јавните пари, подготовката на законите и одлучувањето во институциите. Тоа го покажува Индексот на отвореност 2026, кој ја оценува работата на институциите во 2025 година.
Според анализата на Фондацијата „Метаморфозис“, објавена од Мета.мк, Владата исполнила 75,84 отсто од индикаторите за отвореност, помалку од претходното мерење. Собранието е второ меѓу парламентите во регионот, но граѓаните и натаму не добиваат навремено и целосно информации за работата на институциите.
Меѓу главните слабости се недостигот од редовни финансиски извештаи, ограничената достапност на документите врз кои се засноваат владините одлуки и малкуте можности граѓаните директно да поднесат претставки. Само три од 20 министерства објавуваат периодични финансиски извештаи, а само пет имаат директен онлајн канал за поплаки и жалби.
Анализата посочува и дека институциите ретко објавуваат што се случува со предлозите доставени во јавните консултации. Редовното и разбирливо објавување документи и извештаи би им овозможило на граѓаните подобро да ја следат работата на властите и да бараат одговорност за јавните средства и донесените одлуки.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

