31 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Српското обвинителство за организиран криминал побара информации за трансакциите на Алта банка кон странство и проверка на работењето на банката. Народната банка на Србија поднела кривична пријава против банката и неколку одговорни лица, објави Либертас.
На 27 октомври обвинителството побарало податоци за трансакциите што банката ги извршила во странство од 27 септември. Извештајот од Народната банка се очекува по 4 ноември. На 29 октомври било испратено и барање за информации за конверзија и одлив на средства од сметката на банката.
Обвинителството соопшти дека на 30 октомври побарало од српското Министерство за внатрешни работи да го провери работењето на банката, како и околностите поврзани со одземањето на нејзината лиценца. Од полицијата е побарано итно да постапи.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

