31 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас го обвини рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека изнесувал „многу лаги“ и лажни тврдења за војната во Украина на состанокот на министрите од Г20 во Атланта, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на нејзина изјава за агенцијата АФП.
Калас рече дека европските претставници директно ги оспориле тврдењата на Лавров. Според дипломатски извор, тие разговарале и за можноста за прекин на огнот во Црното Море. Британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд, пак, го повикал Лавров да му каже на Владимир Путин дека Русија нема да ја добие војната.
Милибанд го осудил и рускиот напад врз железничка инфраструктура во Днипро, во кој загинале 15 лица.
На маргините на состанокот, американскиот државен секретар Марко Рубио се сретнал со Лавров. САД одобриле и пакет од 500 пресретнувачи за системите „Патриот“ за Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздравил одлуката, но предупредил дека испораките би можеле да почнат дури по неколку години.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

