31 октомври 2026
• од Гоце Кически
Граѓани денеска се собрале пред главната експозитура на Алта банка во Битола за да повлечат пари. Редицата се формирала по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на Алта банка во Србија.
На снимките објавени од Либертас се гледаат луѓе пред влезот и на скалите на битолската експозитура, дел од нив со чадори.
Одлуката на српскиот регулатор се однесува на Алта банка во Србија. Алта банка во Северна Македонија соопшти дека е посебно правно лице, дека е ликвидна и дека работи непречено под надзор на Народната банка. Според банката, експозитурите и банкоматите работат вообичаено и клиентите имаат пристап до средствата.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

