31 октомври 2026
• од Елена Иванова
Седум возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тројца возеле без положен возачки испит, двајца биле под дејство на алкохол, а двајца имале активна забрана за управување.
Полициските службеници ги привеле возачите на различни локации низ државата. Случаите се водат според член 297-а од Кривичниот законик.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да не седнуваат зад волан без положен испит, под дејство на алкохол или додека имаат забрана за управување.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

