31 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД и сојузниците да ѝ испорачаат на Украина 500 ракети-пресретнувачи за системите „Патриот“ во текот на претстојната зима. Според него, одобрението за можна продажба е важно, но испораките би можеле да почнат дури по неколку години.
Зеленски рече дека 500 ракети би можеле да обезбедат посилна воздушна одбрана во период кога Русија ги напаѓа украинските енергетски објекти. Тој наведе дека во последните две недели од октомври имало повеќе од 30 руски напади врз клучни делови од енергетската мрежа.
Украина побарала пакет за зимска поддршка со 100 ракети месечно. Зеленски предлага ракетите сега да се земат од постојните залихи на САД, европските земји и другите партнери, а нивните резерви подоцна да се надополнат со веќе договорено производство.
Американскиот Стејт департмент одобрил можна продажба на 500 ракети-пресретнувачи од типот ПАК-3 МСЕ, во вредност од 2,1 милијарда долари, објави Укринформ.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

