31 октомври 2026
• од Стефан Николов
Европската Унија планира да ја забрза исплатата на 45 милијарди евра од заемот за Украина, додека земјата се соочува со сериозен недостиг на средства поради продолжувањето на руската војна. Поголемиот дел од парите за 2027 година ќе бидат наменети за воена помош.
Според планот објавен од Европската комисија, од предвидените 45 милијарди евра, 31,7 милијарди ќе бидат издвоени за одбраната, а 13,3 милијарди за буџетска поддршка. Воените средства ќе се исплаќаат постепено, кога Киев ќе доставува договори за набавка на оружје. Буџетската помош ќе зависи од спроведувањето реформи, вклучително и оние поврзани со пристапувањето на Украина во ЕУ.
Украина следната година се соочува со финансиски недостиг од околу 70 милијарди евра. ЕУ очекува да покрие најмногу две третини од сумата, околу 46 милијарди евра, а преостанатиот дел би требало да го обезбедат други сојузници. Потребите се зголемени поради продолжената војна, руските напади врз цивилната инфраструктура и намалувањето на помошта од земји надвор од ЕУ.
Европската комисија соопшти дека забрзувањето на исплатите треба да ѝ обезбеди на Украина поголема финансиска предвидливост и да помогне во одржувањето на јавните услуги. Еуроњуз објави дека дел од средствата ќе бидат насочени и кон потребите на украинската одбрана.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

