TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СПОРТ

КК Работнички алармира: Осум неисплатени плати, молк од раководството и закана со бојкот

25 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Иако клубот неодамна доби реновирана сала, чие отворање беше јавно промовирано од страна на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, состојбата во редовите на КК Работнички е далеку од стабилна. Играчите и стручниот штаб излегоа со остро соопштение до јавноста, посочувајќи сериозни финансиски и организациски проблеми.

Осум плати заостанати – „директен удар врз егзистенцијата“

Во реакцијата се наведува дека на кошаркарите им се должат осум плати, што, како што потенцираат, претставува сериозен удар врз нивната егзистенција, семејствата и професионалното достоинство. Тие оценуваат дека не станува збор само за финансиска криза, туку за системско непочитување на луѓето кои го претставуваат клубот.

Според нив, со месеци предупредувале дека состојбата е алармантна, но наместо конкретни решенија добивале молк, празни ветувања и избегнување на одговорност.

Недостоинствени услови и организациски хаос

Играчите и стручниот штаб тврдат дека тимот функционира во недостоинствени услови – без основна опрема и елементарна логистика. Посочуваат дека на гостувањата често се оставени сами на себе, без сигурен превоз, а во одредени ситуации навивачите ги покривале трошоците за патување.

Дополнително незадоволство предизвикал фактот што ниту еден член од тимот не бил поканет на официјалното отворање на реновираната сала, која ја нарекуваат своја „куќа“. Овој потег го оценуваат како јасен сигнал за односот на раководството кон играчите и стручниот кадар.

Обвинувања за неисполнети ветувања и прекината комуникација

Во соопштението директно се посочува дека ветувањата дадени од градоначалникот не биле исполнети, при што се тврди дека во неколку наврати биле доведени во заблуда. Воедно, се наведува дека спортскиот директор со недели не одговарал на телефонски повици и пораки, со што, според нив, практично била прекината комуникацијата со тимот.

Ваквиот однос го оценуваат како неодговорен и недозволив за клуб со ваква историја и реноме во македонската кошарка.

Закана со бојкот на натпреварите

Играчите и стручниот штаб јавно најавуваат дека, доколку во најкраток рок не бидат подмирени заостанатите обврски и не се преземат конкретни чекори за стабилизација, нема да настапат на следните натпревари. За евентуалниот бојкот, како што наведуваат, целосната одговорност ќе ја сносат раководните структури и институциите.

Тие нагласуваат дека не бараат привилегии, туку основни услови за работа, почит и исполнување на договорните обврски, додавајќи дека секое понатамошно игнорирање ќе значи дополнително нарушување на спортскиот интегритет на клубот.

Тешка сезона и неизвесна иднина

Во спортски аспект, Работнички моментално се наоѓа во долниот дел од табелата во македонскиот шампионат, што дополнително ја отежнува ситуацијата. Со оглед на внатрешните проблеми и неизвесноста околу финансиската стабилност, продолжението од сезоната се најавува како исклучително предизвикувачко.

Од таборот на клубот порачуваат дека остануваат обединети и решителни да се изборат за своите права и достоинство, истакнувајќи дека Работнички е поголем од сите поединци – но без луѓето кои играат и работат во него, клубот не може да опстои.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Само осум од 100 Ромки се вработени – недостигот од образование и сиромаштијата ги ограничуваат нивните можности

СВЕТ
31 октомври 2026

Калас го обвини Лавров дека ширел лажни тврдења на состанокот на Г20

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Лариса Дир се сретна со епископот Партениј и му се заблагодари за поддршката за Украина

СВЕТ
31 октомври 2026

Украина бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН по смртоносните руски напади

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Седум возачи приведени во едно деноноќие: возеле без дозвола, пијани или со забрана

СВЕТ
31 октомври 2026

Српското обвинителство проверува трансфери во странство поврзани со Алта банка

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Алта банка Битола пријави загуба од 48,6 милиони денари во првите девет месеци од 2026 година; во Битола се формираа редици

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Имате повеќе од 30.000 евра во Алта банка? Еве што мора да знаете за вашите пари!

СВЕТ
31 октомври 2026

Бугарски евродепутати бараат дополнителни две милијарди евра за Бугарија поради ризиците во Црно Море

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
31 октомври 2026

Канада ќе одвои 500 милиони евра за поддршка на Украина

СВЕТ
31 октомври 2026

Српскиот политичар Парандиловиќ бара српското обвинителството да ја испита одговорноста за случајот со Алта банка

СВЕТ
31 октомври 2026

Радмила Шекеринска: НАТО и партнерите ја зајакнуваат соработката за поголема безбедност

СВЕТ
31 октомври 2026

ЕУ и Канада создаваат „Сојуз за иднината“ за економска безбедност и одбрана

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

СДСМ бара одговори за Алта банка по одземањето на нејзината лиценца во Србија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
31 октомври 2026

ЕУ ќе забрза исплата на 45 милијарди евра помош за Украина во 2027 година

СВЕТ
31 октомври 2026

САД и Финска договорија соработка во технологијата, енергетиката и арктичката безбедност

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка поради влошена финансиска состојба

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Граѓани чекаат да повлечат пари пред експозитура на Алта банка во Битола

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

СДСМ: Мицкоски и гувернерот Трајко Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Северна Македонија. Сега мора да одговараат

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Метаморфозис: Граѓаните немаат целосен увид во трошењето на јавните пари и одлуките на институциите

СВЕТ
31 октомври 2026

САД одобрија можна продажба на 500 ракети за „Патриот“, Зеленски бара испорака уште оваа зима

СВЕТ
31 октомври 2026

Во Софија повторно се отвора „Бугарска армија“, еден од најмодерните стадиони во регионот

СВЕТ
31 октомври 2026

Бетани Хјуз: Бугарија е „чудо“ и важен дел од светската историја; најавува филм за цар Самоил

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Во повеќе градови лишени од слобода 13 лица, одземени дрога и таблети

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
31 октомври 2026

Игор Дамјанов од Виница позираше со четири прста — изборниот број на Ѓуров и Кандев — пред вториот круг во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

Свештеник од Прилеп ги повика верниците да не прифаќаат дигитални лични документи

МАКЕДОНИЈА
31 октомври 2026

СДСМ бара одговори за наводни трансфери на над 50 милиони евра преку Алта банка

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега