30 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Либерално-демократската партија (ЛДП) побара системски мерки за полесен пристап до превентивни прегледи, вклучително и ехо на дојка и мамографија. Партијата денеска организираше герила акција, со која порача дека раното откривање на ракот може да спаси животи.
ЛДП предлага да се гарантираат термини за превентивни прегледи и да се воведат автоматски покани за скрининг. Меѓу барањата е и еден платен слободен ден годишно за превентивни прегледи.
Партијата бара државата да го покрива прегледот во приватно здравство кога јавниот систем не може навреме да обезбеди термин. Од ЛДП оценуваат дека превенцијата не треба да биде привилегија, туку достапно право за сите.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

